Зошто урмите се сметаат за најздравото овошје во светот?

Објавено на 23 јуни, 2021 во 10:43

Урмите се плод на палмите што се одгледуваат во тропските предели во светот. Во зависност од сортата, свежите урми се прилично мали, а боите се движат од светло црвена до светло жолта. Ова овошје е многу хранливо, особено затоа што се суши, поради што содржината на калории е поголема од повеќето свежи овошја, а калориите доаѓаат од јаглехидратите.

Kонзумирањето на ова здраво овошје е неговата способност да го подобри здравјето на нашиот мозок и мозочните функции. „Healthline“ наведува дека лабораториските истражувања откриле дека урмите се корисни за намалување на воспалителните маркери кои предизвикуваат Алцхајмерова болест.

Друг интересен факт поврзан со урмите е нивното влијание врз бремените жени,  можноста за олеснување и забрзување на природното породување. Според едно истражување, 69 жени кои конзумирале шест урми на ден во рок од 4 недели пред предвидениот датум имале 20% поголема веројатност да се породат природно и породувањето траело значително помалку време отколку оние кои не ги јаделе.

Исто така е важно да се спомене влијанието на ова овошје врз здравјето на коските, затоа што е богато со минерали, вклучувајќи фосфор, калиум, калциум и магнезиум, кои спречуваат болести како што е остеопорозата.

Бројни студии укажуваат на влијанието на ова овошје врз намалување на нивото на холестерол во крвта, подобрување на изгледот и затегнатоста на кожата благодарение на витамините Ц и Д, а исто така помагаат при слабеење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.