Две новозаразени лица и четири новопримени пациенти од Ковид 19 во Општа Болница Велес

Објавено: 21 август, 2020, во 13:53 часот

Infektivnooddelenie fin

21.08.2020

На Инфективното одделение во велешка болница во изминатите 24 часа се примени четири нови пациенти заразени со коронавирус. Денеска на одделението се лекуваат вкупно 18 пациенти.

Според д-р Весна Николовска Неделкова од нив 14 се потврдени случаи на коронавирус додека четворица се сомнителни. На кислородна поддршка се пет пациенти.

-Тројца од новопримените пациенти се од Велес додека еден е од Неготино. Велешанка на 35 годишна возраст има потешка форма на пнеумонија со покомплициран наод на воспаление на бели дробови но е во стабилна состојба. Таа е примена завчера и е еден од вкупно петте пациенти кои во моментов се на кислородна поддршка, рече д-р Николовска Неделкова.

На одделението се лекуваат пациенти од Велес, Кавадарци, Неготино, Лозово и Свети Николе.

Денеска нема оздравени велешани.

Со новозаболените двајца велешани, од почетокот на епидемијата, во велешко вкупниот број изнесува 251 случаи и додека бројот на оздравени останува 208 пациенти. Од Ковид-19 починаа 14 пациенти. /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.