Поетска вечер на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин” за љубителите на пишаниот збор во Велес
Објавено: 21 август, 2020, во 14:15 часот 
21.08.2020
На отворено, на платото пред Ликовен салон и паркотот „Каршијака“, вчера вечер, членовите на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ им приредија уште една несекојдневна вечер на љубителите на пишаниот збор во Велес.

Освен домаќините на традиционалната Поетска вечер поезија и проза читаа и нивни колеги , писатели од повеќе градови во државата. Гостите се членови на поетски друштва и клубови во градовите од кои дојдоа во Велес.

Поетската вечер се одржа во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Неа секоја година ја организираат Клубот на писатели „Коста Солев Рацин”, во соработка со Општина Велес./У.Ј


