Рекордни 52 новозаразени со Ковид – 19 во Тиквешијата

Објавено: 11 ноември, 2020, во 14:40 часот

Negotinoodkulatasentar fin

11.11.2020

Не запира трендот на раст на ковид позитивни случаи во Тиквешијата. Денес до 14 часот се регистрирани рекордни 52 новозаразени лица, информираат од Центарот за јавно здравје – Кавадарци. Тие додаваат дека ова не е конечниот дневен биланс, затоа што резултати од земени брисеви сеуште се обработуваат.

Во Кавадарци има 25 нови случаи, во Неготино 23, а по двајца нови ковид позитивни има во Росоман и Демир Капија.

„Новите позитивни се на возраст од 17 до 72 години. Има еден хоспитализиран пациент од Кавадарци и тројца од Неготино“ – информира епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.

Се работи на утврдување на контактите на новите позитивни.

Заклучно со вчера во Кавадарци активни се 339 ковид случаи, а од почетокот на пандемијата се дијагностицирани 752 позитивни. Во Неготино активни се 166 случаи, а дијагностицирани вкупно 261.

 Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.