Студентите кои биле одбиени или не аплицирале за студентски оброк можат повторно да се пријават од 1 до 7 секој месец
Студентите кои биле одбиени или не аплицирале на претходните повици за субвенциониран студентски оброк, имаат можност од 1 до 7 од секој нареден месец тоа да го направат преку порталот на Е-услуги.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, оние студенти кои ги исполниле условите ќе бидат информирамирни преку порталот каде ја поднеле апликацијата.
-Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување на договор за отворање на посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк – велат од МОН.
МОН исто така има отворено и електронска адреса на која студентите можат да се обратат за каква било информација или поддршка при апликацијата – [email protected] или во наменската канцеларија.на приземјето во зградата на министерството.
Потсетуваме дека можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1ви до 7ми, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина – додаваат од МОН.
Дума.мк