Променливо облачно со сончеви периоди, попладне се очекува дожд
Објавено: 14 август, 2026, во 09:23 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови на места се очекува нестабилност со пороен дожд и со грмежи, а локално се можни и краткотрајни невремиња проследени со силен ветер и со град.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер.
Дума.мк



