(Фото и видео) Учениците од хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ мерат крвен притисок и шеќер на случајни минувачи во Велес

Објавено на 16 ноември, 2023 во 15:22

Граѓаните коишто денеска поминуваат пред главниот влез на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ во Велес, имаат можност бесплатно да го измерат својот крвен притисок и шеќер во крвта. Учениците на почеток ги информираат граѓаните за можностите, им поделуваат изработени флаери коишто ги содржат сите информации за дијабетот и хипертензијата а потоа ги упатуваат до местата кадешто се мери шеќер во крвта и крвен притисок. Голем број на велешани фо извршија прегледот.

Професорката Валентина Јовева од хемиското училиште сподели дека оваа активност е дел од проект изработен од тим на ученици на тема дијабет и хипертензија.

Илија Станковски од Здружението лидери за едукација, активизам и развој коишто се поддржувачи на проектот на училиштето, изјави дека идеата е учениците од средните училишта она што го учат по наставните предмети да го применат во пракса.

Оваа активност во наредниот период ќе биде реализирана во Општина Чашка и Општина Градско.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.