Од следниот семестар наместо 140 дневно за оброк, студентите ќе добиваат 840 денари неделно
Најдоцна од следниот семестар, субвенцираниот студентски оброк ќе се исплаќа на неделно ниво, односно наместо по 140 денари дневно, студентите во понеделник ќе имаат на располагање 840 денари, средства што ќе можат да се трошат во текот на таа недела.
Ова беше договорено на вчерашната средба на Универзитетско студентско собрание – УКИМ и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.
Со оваа одлука, студентите во понеделниците ќе имаат на располагање 840 денари, средства што можат да ги потрошат во текот на таа недела.
Министерството за образование и наука од оваа академска година воведе нов начин на исплата на средствата од студенски оброк. Студентите добиваат парични средства на наменска платежна картичка во износ од 140 денари. Студентите имаат обврска во текот на денот да ги потрошат парите, во спротивно тие средства нема да бидат достапни за трошење следниот ден.
За најважното прашање во моментов – ретроактивната исплата на заостанатите стипендии – поради административни пречки – добивме уверување дека исплатата ќе започне најдоцна до 15 декември, а УСС силно ќе притиска процесот да биде навремено завршен – соопштија од Студентското собрание на Фејсбук.
Дума.мк