Прегледани над 50 камери, сите подруми, манастири – Петти ден ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска
Петти ден ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна на 27-ми ноември одејќи накај училиште во 7 часот.
Министерот Спасовски изјави дека се прегледани над 50 камери, сите подруми, речното корито на Вардар, земени се сите електронски уреди и од нив имаме некакви сознанија, рече Спасовски, објаснувајќи дека специјалниот тим работи активно речиси 24 часа. Додаде дека се проверени сите манастири во земјава.
Спасовски се заблагодари и на медиумите против борбата со лажните вести.
-Ова е ситуација кога не смееме да се шегуваме и да си играме, рече Спасовски додавајќи дека не смее повеќе да додаде за текот на потрагата освен она што го презема МВР.
Рече дека системот „Сејф Сити“ функционира, но дека ситемот за препознавање на лице односно „Фејс рекогнишан“ ќе биде инсталиран на 10-ти декември.
Дума.мк