Запленети непријавени 50.600 евра на скопскиот аеродром
Објавено на 7 декември, 2023 во 10:10
На Меѓународниот Аеродром Скопје се запленети 50.600 коишто патник не ги пријавил кај царинските службеници при влез во државата.
– Патникот кој патувал од Истанбул, на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра, информираат од Царинската управа.
Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето.
Дума.мк