Изложба насловена „Портретното сликарство на Ѓорѓи Зографски“ оваа среда во Велес
Објавено на 18 декември, 2023 во 15:12
Во просториите на Музејот во Велес, оваа среда, на 20 декември, со почеток во 13:00 часот ќе се одржу изложба насловена „Портретното сликарство на Ѓорѓи Зографски“. Овој настан се организира по повод 78 години од смртта на последниот зограф и профан сликар Ѓорѓи Зографски (1871 – 1945).
-Настанот и изложбата „Портретното сликарство на Ѓорѓи Зографски“ ќе биде збогатен со „Песна“ за виолина соло оп. 101 од Томислав Зографски, исполнува Камелија Дукова Зефиќ, Лауреат на Гран при, највисоката награда на Фондацијата “Томислав Зографски” за 2018 година, додаваат од велешкиот Музеј.
Дума.мк