Владина набавка на 100 нови возила за Македонска пошта
Објавено: 16 април, 2026, во 11:33 часот
Возилата за потребите на Македонска пошта ги набави Владата, преку Министерството за транспорт.
„Со новите возила, Пошта ќе може побрзо, поефикасно и посигурно да ги доставува услугите до секој граѓанин, до секое населено место и до секоја компанија. Ќе се намалат трошоците за одржување, ќе се зголеми продуктивноста, а услугата ќе стане поквалитетна. Македонска пошта мора повторно да стане сервис на кој граѓаните ќе му веруваат. Институција која ќе биде партнер на бизнисите. Систем кој ќе може да одговори на современите предизвици, особено во времето на дигиталната трансформација и раст на електронската трговија “, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Според премиерот просечната старост на возилата со кои досега работела Македонска пошта била околу 15 години што според него се застарена опрема кои имале чести дефекти и предизвикувале зголемени трошоци а намалена ефикасност. Затоа доцнеле пратките и предизвикувале незадоволство кај граѓаните со што се намила доверба во системот,
Мицкоски за оваа набавка додаде дека била дел од поширока стратегија за обновуваат институциите, да се модернизираат јавните услуги и да станат пофункционални, без оправдувања.

Убавка Јаневска

