Демиркапијка тепала маж и дете,Неготинци дилале дрога за што сите завршиле во полициска станица
Полициски службеници на ОВР Неготино,вчера, во 10:10 часот. ја лишиле од слобода Е.К.(34) од Демир Капија затоа што во семејната куќа физички ги нападнала нејзиниот 56 годишен сопруг и нивното малолетно дете.
„За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Во текот на вчерашниот ден,исто така, биле лишени од слобода и двајца Кавадарчани. Според полицијата, чии службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.Р.(21) и Ш.Д.(19), двајцата од Кавадарци. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пет пакувања со марихуана и едно пакување со хашиш.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Убавка Јаневска