Жена добивала закани од велешанец поради долг на нејзиниот брат
Објавено на 28 декември, 2023 во 12:45
Четириесет и четири годишниот Г.Ш од Велес, вчера, десет минути пред полноќ бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој во домот на 56 годишна велешанка се заканувал кон нејзе и на нејзиното семејство поради наводен долг на нејзиниот брат кон него.
Од СВР Велес информираат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а Г.Ш. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк