Во недела, прва крводарителска акција во Велес за 2024 година
Објавено: 9 јануари, 2024, во 11:51 часот
Општинската организација на Црвен крст од Велес, информира дека првата крводарителска акција за 20204 година ќе се одржи оваа недела, на 14 јануари, во просториите ја велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“.
-Ги покануваме сите граѓани коишто имаат желба, да земат учеството на првата зимска крводарителска акција во новата 2024 година. Со дарување на крв даваме наш придонес за јавното здравје и спасуваме голем број на човечки животи. Крводарителството е врвен чин на хуманоста, велат од велешки Црвен крст.
Крводарителската акција ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до 14:30 часот.
Стефани Манева




