Поради градежни активности, патот Велес – Градско, повторно затворен за сообраќај
Објавено на 23 јануари, 2024 во 09:24
Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, и денеска, втор ден, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 09:00 – 16:00 часот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Дума.мк