Регистриран утрово земјотрес во Македонија

Објавено: 8 јануари, 2020, во 09:53 часот

zemjotresi fin

Во 8.00 и во 8.15 часот утрово се регистрирани земјотреси со епицентри на 77 километри југоисточно од Скопје и се почувствувани во Штип и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека според досегашните податоци нивните Рихтерови магнитуди изнесувале 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес.

-Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Сеизмолошката опсерваторија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.