Нови цени на горивата
Бензините и дизел горивата на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, а за толку ќе поскапи и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,50, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 за 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,439 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,226 проценти, кај дизелот за 3,056 проценти, кај екстра лесното масло за 2,590 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,212 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој биле формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,248 проценти.
Дума.мк