ЦУК: 2 054 повици на 112 во последното деноноќие, седум пожари на отворено и поплавени објекти
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 054 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,48%, а 58,52% за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 64,65%, кон Итната медицинска помош 30,89%, а кон пожарникарите 2,87% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 207 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,87% и на 58,52% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со повеќе ангажирани институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Имаше седум пожари на отворено во последното деноноќие, а пожарникарите паралелно гаснеле и пожари и во населени места. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје и РЦУК Велес по еден пожар на отворено, РЦУК Куманово два и РЦУК Штип бележи три пожари на отворено во последното деноноќие.
Инаку, во Прилепско и Битолско и околината имаше проблеми од големите завчерашни врнежи дожд, бидејќи за 24 часа наврнале 35 литри дожд. Регионалниот ЦУК Битола, известува дека по пријава добиена на бројот за итни повици 112 за поплавената куќа и дворно место во с. Пешталево вчера повторно е контактирана Општина Долнени од каде што одговориле дека интервенирале со градежна машина и дека повторно ќе интервенираат. Се работело за поплава од атмосферски води, поточно неможност истата да истекува по изградба на пат.
ЦУК апелира и потсетува, покрај тоа да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали согласно нивниот план, да се чистат и одржуваат одводните канали во и надвор од населените места и секако да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк