Светиниколецот Никола Петков го фати крстот и на Војордан пожарникарите го одбележаа патрониот празник
Во базенот пред црквата „Свети Никола“ свештениците на МПЦ, денеска, ги осветија водите во Свети Николе со што започна традиционалното одбележување на празникот Водици. Во него скокнаа и учесниците за да го фатат крстот што годинава заврши во рацете на Никола Петков.
– Честитки за сите млади луѓе што учествуваа во фаќањето на крстот пред нашиот храм , а посебно за најсреќниот Никола Петков. Како награда за фаќањето на крстот, Никола од страна на општина Свети Николе е награден со вуфер и микрофон, а од страна на фирмата Зегин доби ТВ- приемник, рече градоначалникот Сашо Велковски.
Војордан – Водици, е патронен празник на Доброволното противпожарно друштво кое го одбележа на традиционален начин во своите простории. Годинава, пожарникарите, одбележаа јубилеј – 85 години од постоењето и се најстаро друштво кое е активно во државата./У.Ј