Пронајдена Велешанка која била пријавена за исчезната
Објавено на 29 март, 2024 во 10:05
Шеесет и пет годишниот Т.И од Велес, на 27 март, во полициска станица Велес пријавил дека неговата триесет и пет годишна ќерка М.И, којашто е лице со здравствени проблеми, се оддалечила од домот кадешто живеела со нејзината мајка, по што веднаш биле преземени мерки за пронаоѓање на жената.
Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при Сектор за внатрешни работи Велес, следниот ден, на 28 март во 20:30 часот, ја пронашле велешанката во домот на триесет и шест годишниот Б.К. од Велес.
Инаку од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека велешанката повеќе пати до сега се оддалечувала од домот и била враќања.
Дума.мк