Нови цени на горивата
На полноќ се зголемува малопродажната цена на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Согласно одлуката на РКЕ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,286 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,173 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184 отсто, кај дизелот за 3,802, кај екстра лесното масло за 4,795 отсто, додека кај мазутот има намалување во просек за околу 1,242 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382 отсто.
Дума.мк