Ветровито со студени утра но без дожд од денеска
Објавено: 6 февруари, 2020, во 08:07 часот
Променливо облачно, студено и ветровито. Претпладне на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензите и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.
Слично време, без врнежи, но ветровито и со студени утра се очекува и во следните денови. Дневните температури од недела ќе бидат во благ пораст, а од вторник и утринските, кога на места е можен и дожд.



