БДП во првото тримесечје со раст од 1,2 отсто

Објавено на 4 јуни, 2024 во 13:54

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година е 1.2%.

Во првото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите:  -Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19.6%, К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.5% и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 72.0%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0.5%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства ( во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.