ЗСР„Бабуна“ со шампионска и со втора екипа на Светско првенство во крапски риболов во Хрватска
Небојша Илиќ, Марко Пислевски и Марјан Ѓеоргиевски е шампионскиот тим на велешките спортски риболовци на „Бабуна“ кој се пласираше за учество на најпрестижното првенство во светот. Овој велешки спортски тим го освои првото место на натпреварите во три кола на макекедонската Лига кои се одржа на езеро „Мавровица“ кај Свети Николе. Нивниот улов на риба како во килограми така и во големина на крапови беше најголем.
Втората екипа на велешки спортски риболовци, кои со освојување на четвртотото место, на истите три натпревари на „Мавровица“ во македонската Лига на улов на крап, е во состав Јове Гугуталиев, Николче Манев и Александро Трајковски.
-Натпреварите кој што се одржаа во организација на Македонска Риболовна Федерација потврдија дека велешките спортски риболовци заслужено, со децении, го одржуваат приматот на најдобри во државата. Последните резултатите се потврда дека заслужено сме шампиони. Шампионскиот и тимот на спортски риболовци на нашето здружение, кој што го освои четвртото место се составени од искусни и мотивирани спортски риболовци. Мотивирани и уште по подготвени за освојување на висок пласман ќе заминеме на најпрестижното првенство во светот во крапски риболов што годинава од 2 до 8 септември, се одржува во Хрватска, рече Даниел Наумоски претседател на ЗСР „Бабуна“.
Светското првенство во крапски риболов ќе се одржи на езерата Лаповац и Шандор крај хрватскиот град Нашице со учество на екипи од 35 држави од Европа, САД и Јужна Африка.
Убавка Јаневска