Преку 100 посетители на завршниот настан во организација на „Велес Бајкинг“, бесплатен сервис на велосипеди, трка на pumptrack за најмладите и многу забава со DJ POPEYE
Повеќе од 100 велешани беа дел од вчерашниот настан организиран од „Велес Бајкинг“ на полигонот за велосипеди во Градски парк Велес. Пола од посетителите биле млади велосипедисти но присутни биле и повозрасни граѓани кои имале потреба да го сервисираат својот велосипед и биле дирекни учесници на кратка едукација за менување и сервисирање на делови на велосипед од страна на челнови на здружението „Велес Бајкинг“. Но покрај обуката, во тричасовната програма мобилниот вело-сервис бил на услуга на Велешани кои бесплатно си ги сервисираа своите велосипеди.
-Настанот беше најавен и како натпреварувачки па најмладите поделени во три категории се натпреваруваа во техничко-брзинско возење на pumptrack патека во должина од 3 круга (750м ). Иако имаше различни времиња, сите велосипедисти беа прогласени за победници. Покрај Велешките велосипедисти како гости со нивни млади натпреварувачи учествуваа и екипи BikeStore од Скопје и mtb Stip од Штип, а тим на млади велосипедисти беа преставувани и од Општина Велес и ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” – Велес, објасни Зоран Јаневски претседател на „Велес Бајкинг“.
Во склоп на активностите, Велес Бајкинг обезбеди и два велосипеди преку гостин од Скопје на самиот настан кои ќе бидат донирани онаму каде е потребно.
-Со ова како завршен настан на овој проект, вкупно 17 велосипеди беа подарени од грижливи граѓани и подарени на млади лица кои немаат можност за да си купат велосипед. Активностите се дел од Проектот, „ Намалување на СО2 со зголемување на користење на велосипеди со воведување мобилни сервис услуги во Велес“ реализиран од страна на Здружението „Велес Бајкинг“ од Велес, во соработка со Општина Велес, ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” – Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин – Велес. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението “Велес Бајкинг“ од Велес, додава Јаневски.
Завршниот настан којшто воедно беше дел и од манифестацијата Велешко лето 2024 а за музичкиот дел бедел задолжен DJ POPEYE со свој музички перформанс.
Стефани Манева
фото: