Велешкиот атлетски клуб „Борец“ организира треил трчање до врвот на Св. Илија

Објавено на 26 јули, 2024 во 12:52

По повод празникот Св. Илија, на 2 август годинава, со почеток во 06:30 часот, Атлетски клуб Борец од Велес организира треил трчање до врвот на Св. Илија во Велес. Како што соопштуваат патеката не е маркирана но се оди по широк земјен пат до највисоката точка на ридот, на надморска височина од 565 метри.

-Се поаѓа од паркингот кај Стар мост, се поминува крај Влашката црква, потоа црквата Св.Спас, а на враќање и низ манастирот Св.Илија каде ќе оддадеме почит на овој голем светец. Сите учесници трчаат во една група. Предвидени се две паузи, од кои првата на врвот и втората кај манастирот, додаваат од АК Борец.

Трката е од рекреативен карактер со вкупна должина од 10 километри. Секој учесник трча на своја одговорност и потребно е со себе да си носи вода.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.