Повторно се разгоре пожрот во Општина Чашка, под контрола е соопшти ЦУК

Објавено на 11 август, 2024 во 14:23
Фото: Архива на Дума.мк

Центар за управување со кризи информираше дека вчера, сабота, 10 август 2024 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов шест се активни, пет се под контрола и 31 се изгаснати.

Помеѓу активните повторно е пожарот помеѓу селата Ореше и Папрадиште, во Општина Чашка. Според очевидци огнот повторно се разгорел на опожарената површина, во текот на вчерашниот ден, од кога гори шума со повеќе видови на дрвја.

Според последните информации, на Регионален ЦУК – Велес, денеска, пожарот е под контрола и се гасне од земја со учество на шумарски работници на стопанство „Бабуна“ и вработени во Општина Чашка

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.