Општина Кавадарци реализира 14 капитални инвестиции кои што со помалите проекти чинат 19 милиони евра

Објавено: 17 април, 2026, во 15:07 часот

Старечки дом, обиколница, младински и пионерски дом, прва фаза од гасификација, реконструкција на градски отворен базен, доградба на спортски центар, изградба на картинг патека, доградба на покриен базен и изградба на спа центар, био пазар, дневен центар за лица со телесна и ментална попреченост, велосипедски патеки до Тиквешко Езеро се 14 капитални инвестиции кои чинат близу 19 милиони евра. Останатите уште неколку започнати проекти се  однесуваат на асфалтирање улици, и засадување на цветни аражмани Кавадарци.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, при презентирањето на нова веб-платформа со проектни активности ги престави и проектите кои се наменети за подигнување на квалитетот на живот во рурална и урбана средина и додаде дека има експанзија во комуналната изградба. 

– Сите овие проекти и многу други, ќе бидат ставени на новата апликација, на веб-страницата на интернет, секој граѓанин на општината ќе може да ги види, да прочита   информации со фотографии и локации, рече Јанчев.

Убавка Јаневска   

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.