Пожарот над Оморани се гасне од земја и од воздух, зафатена е огромна површина

Објавено на 26 август, 2024 во 11:57

Пожарот во село Оморани, Општина Чашка, сеуште е активен. Со пожарот е зафатена лисна маса и мешана шума коишто предизвикува големо чадење. Фронтот на пожарот е голем. Утрово во 06:30 часот почна со дејство хеликоптерот на МВР Ми -171, но ефектите од гасењето се многу мали, соопшти Центар за управување со кризи.

-Ангажирани се 25 припадници на МВР на специјална единица и 25 припадници на Армијата кои се веќе на местото на пожарот. Истите се пречекани од страна на две лица од ЈП Национални шуми на раскрсницата во село Оморани. Екипите од МВР и АРМ се поделени во две групи од кои една група дејствува северно во правец на манастир „ Свети Никола“ во придружба со екипа од пет лица на ЈП Национални шуми, а втората група дејствува западно кон манастир „Пресвета Богородица“ во правец на село Оморани. Од 10:00 часот во гаснењето на пожарот е вклучен и еден ер трактор на Дирекција за заштита и спасување,“ соопшти директорот Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека ер тракторот полни вода од Тиквешко Езеро.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.