Министер Тошковски: МВР и БЈБ работат со цел да бидат што поблиску до граѓаните (фото и видео)
Со настан „До вас, за вас“ како дел од Концептот за “Полицијата – поблиску до граѓаните Министерството за внатрешни работи денеска во Младински парк во Велес ја зајакнува довербата кај граѓаните за да постигне побезбедна држава што е во интерес како на граѓаните така и на државната институција надлежна за обезбедување на јавниот мир и ред, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На настанот во Велес присуствуваше и директорот на Биро за јавна безбедност, Александар Јанев. Тој ги претстави сите оддели на МВР кои денеска со опрема, возила и човечки ресурси беа присутни и се промовираа пред велешани.
Кампања дел од посветеноста за приближување на полицијата до граѓаните. Оваа иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата.
По Струмица, Велес беше втор град во кој преку иницијативата „До вас, за вас“ МВР реализираше така наречен отворен ден пред граѓаните. Настанот го привлече вниманието на возрасните но сепак интересен беше за младите, за децата коишто добија можност да се фотографираат со униформираните полициски службеници, да влезат во нивните возила, да остварат контакт со опремата, да ги погалат кучињата трагачи или да се симнат со јаже од симболична висина.
Преку иницијативата „До вас, за вас“, според МВР, ќе треба да овозможи и активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки и добри практики за зголемување на довербата и соработката со граѓаните во градовите низ Македонија.
Домаќин на настанот беше Сектор за внатрешни работи Велес и началникот Бране Паласков како и градоначалникот Марко Колев.
Убавка Јаневска