Аки Рахимовски од „Парни ваљак“ не сака внуците да го викаат дедо, откри синот Кристијан

Објавено: 5 март, 2020, во 09:32 часот

aki kiki fin

Синот на Аки Рахимовски, музичарот Кристијан Рахимовски, открил зошто со години не е во добри односи со татко му.

-Никогаш не му судев на татко ми. Имавме недоразбирања за некои работи ама бевме многу искрени, да не се лажеме . Татко ми има 65 години и најважно е да е среќен. Антонија сеуште не сум ја запознал, но ќе ја запознам. Битно е детето да е живо и здраво и татко ми да е среќен. Јас и татко ми никогаш не успеавме да изградиме класичен однос меѓу татко и син, бидејки тој како голема ѕвезда од 365 дена настапуваше 200. Кога си мал тоа не го разбираш, а бидејки со години и јас се занимавам со музика, сега ми се појасни некои работи. За разлика од него јас сакам што повеке време да минувам со моите деца. А Аки вели дека не сакаат внуците да го викаат дедо, изјавил тој за „РТЛ Ексклузив„.

Освен Кристијан од првиот брак, Аки ја има ќерката Едина од вториот брак а пред извесно време му се роди уште една ќерка Антонија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.