Турција депортирала македонски државјанин заробен во Сирија како припадник на ИСИС

Објавено: 11 март, 2020, во 08:16 часот

isis fin

Еден државјанин на Македонија и еден на Германија, кои биле дел од терористичка група, се депортирани од Турција во нивните земји, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Тие биле заробени во Сирија како припадници на ИСИС.

Владата во Анкара најави дека ќе продолжи да ги враќа заробените терористи во матичните змеји и покрај противењето на некои европски држави, пренесува агенцијата Анадолија.

Според податоците на турското МВР, лани од Турција во нивните земји на потекло биле депортирани 780 странски терористи

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.