Сончево со температура до 23 степени
Објавено: 12 март, 2020, во 08:18 часот
Сончево и топло со слаб северен ветер и со максимална температура до 23 степени е прогнозата на УХМР за денеска.
И утре времето ќе биде сочево, но и потопло – дури до 25 степени, што ќе услови нагло топење на снежната покривка на планините.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Во недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.
За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.




