Сончево со мала облачност и температура до 19 степени
Објавено: 18 март, 2020, во 08:54 часот
Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 3, а дневната од 11 до 19 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Изутрина ќе дува умерен, повремено засилен претежно североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 16 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно време со постудени утра и со постепен пораст на дневната температура.

Во недела ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд кои во текот на ноќта и во понеделник поради значителното заладување на места ќе преминат во снег.




