ИТМ: Стабилни резерви на крвни продукти, крводарувањето продолжува

Објавено: 23 март, 2020, во 10:09 часот

krv fin

ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина денеска соопшти дека резервите на крвни продукти се стабилни и оти крводарувањето продолжува.

Крводарувањето денecка ќе се спроведува во просториите на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје и тоа од 08 до 18 часот, во центрите за трансфузиона медицина во Тетово, Битола и Штип, од 08 до 18 часот, во службите за трансфузиона медицина во Куманово, Велес, Кочани, Гегелија, Струмица, Прилеп, Струга Општа Болница, Гостивар и Кичево од 08 до 15 часот и Ценатрот за дарување при ДХО Даре Џамбаз од 10 до 17 часот.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.