Мајки од Велес, Свети Николе, Кавадарци бараат владата да им го продолжи од 9 на 12 месеци породилното боледување
31.03.2020
Фејсбук група cоставена од неколку стотина членови, „Мајки на трудничко“, чиј основачи се токму жените на кои им истекува породилното отсуство, со допис до Дума.мк се обратија да го објави нивното барање упатено до владата поради настанатата ситуација со коронавирусот. Тие бараат да биде донесена одлука според која владата ќе го продолжи нивното породилно боледување затоа што тие не се во можност да ги остават нивните бебиња и да тргнат на работа. Во групата има велешанки, светиниколчанки, кавадарчанки кои го потпишаа барањето:
„Со оглед на сериозноста на пандемијата која го зафати светот, а и нашата земја, во услови кога градинките не работат, а и ризично е воопшто мајка која оди секојдневно на работа во работното време да се грижи за мало бебе, “ пишува во барањето.
Мајките кои користат породилно боледување кое истекува за ден или два се најбројни. Велејќи дека породилно отсуство кое треба да заврши во ден на вонредна состојба и во услови кога голем број работодавачи не дозволуваат користење годишен одмор од Владата бараат да им се продолжи породилното отсуство додека трае вонредната состојба, односно негово времетраење од барем 12 месеци.“/У.Ј