Студот ги обра праските во росоманско
Огромни штети викендов претрпеа праската и кајсијата. Ниските утрински температури кои во изминатите два дена се спуштија и до -4 степени „ги обраа“ предвреме најосетливите сорти.
Земјоделците од овој регион велат дека нај критично било во петокот ноќта спрема сабота, кога веќе било јасно дека прилично ниската температура која ја пресретна раната пролет при полн цвет на овошките ќе го направи своето.
Најмногу претрпеа раните сорти, но во мал дел мрзнење има и кај доцната праска. До 80 % мрзнење има кај праската од сортата сприн крес што воедно е и нај застапена по површина во реонот на Росоман, а додека штетите од мрзнење кај кајсијата се во повеќе од 90 %.Минимални штети од ниската температура трпи и голата односно нектарната праска, но процентот кај неа не загрижува велат овоштари од Росоман.
Минатата година откупната цена на „ сприн кресот“ беше 25 денари по килограм, а годинава по ова мрзнење сприн кресот и речиси ќе го нема. Голема беше штетата и минатата година кај кајсијата./А.Д