Поевтинуваат бензините, дизелот со иста цена

Објавено: 21 јули, 2025, во 12:48 часот

Од полноќ ќе важат нови цени на горивата. За 0,50 денари се намалува цената на бензините, додека цената на дизелот останува иста.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75,00 (денари/литар), а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 77,00 (денари/литар).

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 71,50 (денари/литар), а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) – 71,00 (денари/литар).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.