Трае потрагата по малолетното девојче во водите на река Вардар, кај Уланци, телото засега не е пронајдено

Објавено: 25 јули, 2025, во 12:33 часот

Продолжи потрагата по 16 годишното девојче, коешто вчера попладне влезе за да се капе во водите на река Вардар, кај село Уланци, во Општина Градско и нејзиното тело беше одвлечено од водата.

Од Сектор за внатрешни работи Велес само што соопштија:

„На 24.07.2025 година, околу 16:30 часот, во СВР Велес било пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во село Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од село Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката. К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнале потрага за пронаоѓање на девојчето, која беше прекината во 20:50 часот и продолжи денеска,“ пишува во соопштението.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.