Коки: „Корупцијата кај нас не спие, дежура“

Објавено: 28 јули, 2025, во 09:20 часот

Понеделнички Дума.мк Ви ги претставува новите 7 афоризми од познатиот афористичар Никола Бошков – Коки, кој и овојпат со остро перо и прецизна мисла ја коментира нашата секојдневна реалност.

-Лето е, некои брачни двојки ги носат децата на море, а некои…идното дете од море.

-Некои политичари можат да се поистоветат со упатствата за употреба на лековите: за да не ви се случат некои несакани дејства и алергични реакции, најпрвин треба мошне внимателно да ги ПРОЧИТАТЕ.

-Партијата размислува за нас, затоа ние престанавме да мислиме.

-И во работата на докторите понекогаш им се случува да им се појави некоја неочекувана дупка, но тие умеат мошне стручно и вешто да ја затрупаат.

-Или женами не пишува добро, или комшијата навистина има рецка повеќе.

-Нашите народни избраници се собрани во собрание, ама…расфрлени по совест.

-Корупцијата кај нас не спие, дежура.

-И хуморот, и смеата се заразни, штета што тие мошне ретко се појавуваат како епидемија.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.