Брат убил брат во Кавадарци, полицијата му поднесе кривична пријава

Објавено: 6 август, 2025, во 15:10 часот

Одделението за внатрешни работи Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, денеска поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 27 јули 2025 година во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот една година помлад брат И.И. од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.

„Имено, вчера, 05 август, нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И. додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека можно е нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

По пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје. Тие побарале работници на погребално претпријатие  да ја откопаат дупката во која било пронајдено телото на И.И..

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Исто така, вчера, во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И.., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.