За закана кон градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, приведени двајца Росоманци
Објавено: 12 август, 2025, во 13:00 часот
Полициски службеници од ОВР Кавадарци, рано утринава, помеѓу 02:20 и 02:50 часот, ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.
„Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


