Апел за помош на семејство од Кавадарци на кое му изгоре куќата во пожар

Објавено: 22 август, 2025, во 11:15 часот

Центарот за невладини организации во Кавадарци упати апел до сите хумани граѓани кои можат дадат помогнат на семејство од градот на кое пред неколку дена им изгорела куќата до темел.

Оттаму објаснуваат дека се потребни алишта за деца на возраст од две, четири и девет години, количка за бебе, храна, финансии, мебел, прозорци и врати, покуќнина.

– Секој што може да донира, може да донесе во Невладиниот центар во Кавадарци, поранешна дискотека „Младински, од 8 до 16 часот, соопштија од Центарот. 

Оттаму додадоа дека веруваат во хуманоста и дека и овојпат, многу луѓе ќе донираат за помош и поддршка на ова семејство.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.