За 7,2 отсто зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Објавено: 27 август, 2025, во 14:37 часот
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од 2025 година изнесуваат 3,6 милијарди денари, што во однос на истиот период лани е зголемување за 7,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Според ДЗС, во второто тримесечје од 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 26,4 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 5 проценти.
Дума.мк
