На плажите во Хрватска, летово, секој ќе има свои 6,5 м2 додека чувари ќе го следат растојанието

Објавено: 15 мај, 2020, во 12:01 часот

plazabol fin

15.05.2020

Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗJЗ) објави препораки за пливање во морските и копнените површински води за време на епидемијата и за пливање во базените и водени паркови, со максимален број на луѓе на плажите ограничен на 15 на површина од 100 квадратни метри.

„За просториите на морските и слатководните подрачја за капење, максималниот број на лица дозволени да останат во исто време се определува според принципот- 15 лица на 100 квадратни метри нето-површина“, се вели во препораките на ХЗЈЗ.

Покрај тоа, на сите посетители и вработени им се советува да се придржуваат кон правилата за физичко растојание од 1,5 метри, што вклучува и растојание при пливање.

Дезинфицирајте ги лежалките неколку пати на ден

Исто така, на влезот и во подрачјето каде престојуваат посетителите, потребно е да се постават информации за хигиенски процедури и со упатства за правилно однесување и мерки за заштита, кои треба да се следат или кои се валидни во тој простор.

На морските и слатководните капалишта неопходно е да се постават дозери со средства за дезинфекција на разумни растојанија и на видливи места. Исто така, концесионерот треба да ги оддели лежалките за да обезбеди физичко растојание и да обезбеди лице штпо може да ги надгледува пропишаните мерки.

Лежалки треба да се дезинфицираат неколку пати на ден, а секогаш откако одреден гостин веќе не ја користи лежалката и пред да ја користи друг гостин.

„Чистењето и дезинфекцијата на санитарниот простор треба да се засилува на секои два часа (доколку е потребно и почесто), како и бројот на вработените за дневно чистење во секоја санитарен јазол. Во исто време, употребата на санитарни јазли треба да биде ограничена во согласност со големината и пропишаните санитарни услови“, се маведува во упатствата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.