Работник од Кина загина на лице место во фабрика во Кавадарци

Објавено: 11 септември, 2025, во 13:59 часот

Триесет и осум годишниот Г.Х од Кина, вчера, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на лице место.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека случајот во ОВР Кавадарци бил пријавен во 12:10 часот.

-Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци, додава портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.