Коцевска: Бараме одговорност од сите институции кои требало да ја заштитат Росица и нејзиниот татко (видео)
Објавено: 18 септември, 2025, во 13:28 часот
„Двојното убиство, кое што се случи во Велес, пред два дена е резултат на нефункционалноста на институциите. МВР не успеа да ја заштити нашата сограѓанка Росица иако таа пријавувала повеќе пати насилство над неа. Од октомври, минатата година, жртвата доживувала физички напади, закани, уцени, палење на автомобил за што не добила соодветна поддршка и помош. Системот потфрли“, рече Благојка Коцевска претседателка на Форум на жени на ОО на СДСМ Велес на денешната прес конференција. Таа додаде:
Убавка Јаневска


