Полицијата лишила од слобода двајца велешани, син и татко, за поседување на оружје без дозвола како и за поголема сума на пари

Објавено: 18 јуни, 2026, во 13:54 часот

Синот Г.А бил лишен од слобода во Велес додека татко му С.А во село Капиново, општина Чашка. Првиот го пријавила ќерката за малтретирање и забрана за излегување надвор од домот. Полициските службеници со судски налог извршиле претрес прво во куќата на Г.А во Велес а потоа во викенд куќата во село Капиново. Таму бил лишен од слобода С.А, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 17.06.2026 во 03:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.А.(49) од Велес. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Застава“ со рамка 13 куршуми без соодветна документација и поголема сума пари. Претходно, во СВР Велес било пријавено дека Г.А. извесен период ја малтретирал неговата ќерка ѝ забранил да излегува и дека поседувал оружје. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес и во викенд куќа во село Капиново, општина Чашка, сопственост на неговиот татко С.А.(74) од Велес. При претресот, таму биле пронајдени и одземени два пиштоли, 71 куршуми, пет патрони и дрвен кундак со ременик без соодветна документација, по што  и С.А. бил лишен од слобода. Г.А. и С.А. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ пишува во полициското соопштение.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.