Заев: Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето современо општество

Објавено: 23 мај, 2020, во 08:41 часот

zaevzavlasite fin

23.05.2020

„Со особено задоволство од името на СДСМ и од мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите. Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, благодарни за се она што го направија и се уште го прават за нашата заедничка татковина“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во честитката по повод 23 мај – Националниот ден на Власите.

„На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност.

Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување.

Честит 23 мај, Национален ден на Власите! Ti multsa anj Dzua Nacionala Armanjlor!“, додава тој во честитката.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.